„Кариерата во финансии и лидерство во педесет пазари ме научи една работа. Успехот без свесност е слепа улица."
Радован е претприемач, автор и говорник. Кариерата ја започна во 2007 година во финансиски институции, работејќи во банкарство, корпоративни финансии и институционална работа. Пет години градење темели пред да ја продлабочи траекторијата на меѓународно ниво.
Следните тринаесет години беа во меѓународна лојалти и бенефит група. Растеше од локален менаџер до Country Director во повеќе европски пазари, потоа COO, и на крај CEO и член на бордот со операции во над педесет земји. Кариерна траекторија што малкумина Македонци можат да ја тврдат за себе, од локалец до глобален корпоративен лидер.
Во таа улога поддржа илјадници претприемачи низ светот, помагајќи многумина од нив да достигнат меѓународен успех. Работеше со мали и средни бизниси, управуваше со портфолија и развој на дигитални продукти, отвораше нови пазари и решаваше комплексни проблеми на извршно ниво. Илјадници потрошувачи заштедија пари преку системите што тимот ги градеше.
Како говорник има настапувано пред публика од над 30,000 луѓе, вклучувајќи го VELTINS-Arena во Германија. Размер на достигнатост ретко виден кај автори и лидери од овој регион, и пример за помладата генерација Македонци кои сакаат да достигнат меѓународна успех.
Во 2026 година основаше Billingz со јасна мисија: да им донесе вредност на фриленсерите и микро-бизнисите ширум светот, најзапоставените од финансискиот екосистем, а токму оние на кои најмногу им треба финансиска едукација и алатки. Микро-фирмите движат голем дел од светската економија, а сега конечно имаат оперативен систем изграден за нив. AI-native SaaS платформа со вештачката интелигенција како јадро, не како додаток, дизајнирана за начинот на кој светот ќе работи следната деценија. Радован е основач и извршен директор.
Има Executive MBA од Универзитетот Шефилд и Doctor of Business Administration (DBA) од Кеи Вест Универзитет во Флорида. Chartered Manager (CMI). Ко-автор е на бестселерот „Будење на свеста" (2019, VIII издание), најпродавана книга од македонски автори за 2020, читана во над педесет земји. Неговиот втор наслов, „The Two Suits", бизнис мемоар за неговите две паралелни кариери, излегува во септември 2026.
Success is not only what we have achieved but how we feel and who we have become. Legacy is not how many remember your name, but how many carry a part of you in their own lives.
Радован ја внесе бизнис перспективата во книгата. Поглавјата за свесното косоздавање и за практичната примена на принципите се темелени на неговото искуство како лидер во педесет земји. Не мотивациска реторика, туку структура, дисциплина и мерливи чекори.
Признанија и препораки поврзани со бестселерот „Будење на свеста" и професионалната работа.
Комплетниот водич за лична и колективна преобразба. Сега во VIII издание.
Нарачај книга →