Радован Витошевиќ
Бизнис лидер
Радован Витошевиќ 

„Будење на свеста"

За авторот
објавено: март 2020
Радован Витошевиќ (17.05.1986, Скопје) е магистар по економски науки, со специјализација во сферата на менаџмент, финансии, маркетинг и мрежен маркетинг, и тоа на Универзитетот Шефилд, еден од 100-те најдобро рангирани универзитети во светот.

Речиси 15 години работи како професионален менаџер во мултинационални компании и финансиски друштва. Извршен директор е во повеќе компании во повеќе земји, себелидер и лидер на други, корпоративен тренер, јавен говорник, претприемач и инвеститор. Организатор и говорник на стотици бизнис настани и иницијатор на повеќе социјално одговорни настани и проекти за заштита на околината.

Тој е еден од тимот основоположници на кешбек програмата и генерално лојалти индустрија, како и поставувач на нови стандарди во мрежниот маркетинг и популаризирање на препорачувачкиот маркетинг во Македонија. Освен што успеа комплетно да промени две индустрии во македонската економија, неговата работа претставува успешно долгогодишно залагање во бизнисите, како и во овозможувањето на поубав живот на стотици наши семејства.

Автор е на книгата Будење на свеста и со тоа се покажа дека, освен бизнисот, тој е високосвесно, креативно и духовно битие кое се занимава со лична и колективна преобразба, сакан сопруг и член на прекрасно семејство. Tој верува дека оваа книга има моќ позитивно да го трансформира животот на сите човечки битија во општеството. 

Во октомври 2019 година книгата беше промовирана на 71-от саем за книга во Франкфурт, кој е најголемиот саем во оваа област во светот. Неодамна книгата беше објавена на неколку светски платформи меѓу која и Amazon/Kindle каде што е достапна на англиски јазик во електронска форма и во мека корица под наслов Awakening Consciousness.

Повеќе за Радован и неговата работа можете да прочитате на www.radovanvitosevic.com.

Следете ме на социјалните медиуми:

Copyright 2020
Global Minds Publishing, Inc.
All Rights Reserved