Д-р Радован Витошевиќ (17.05.1986, Скопје) е доктор и магистар по економски науки, со специјализација во сферата на менаџмент, финансии, маркетинг и мрежен маркетинг.
По завршувањето на факултетското образование на Универзитетот Шефилд (Sheffield University, UK), кој е еден од 100-те најдобро рангирани универзитети во светот, тој магистрираше на истоимената факултетска програма во 2016 година. Со добивање на целосна стипендија на Универзитетот Кеи Вест во Флорида (Key West University of Florida, US) од страна на Московскиот универзитет за право и финансии (Moscow University of Finance and Law), докторската дисертација (Doctor of Business Administration - DBA) беше завршена во 2024 година.
Речиси 20 години работи како професионален менаџер во мултинационални компании и финансиски друштва. Извршен директор и претседател или член на управен одбор е во повеќе компании во повеќе земји. Тој е себелидер и лидер на други, корпоративен тренер, јавен говорник, претприемач и инвеститор.
како јавен говорник, Радован има говорено пред најмногу 30,000 луѓе во VELTINS-Arena во Гелзенкирхен, Германија, во 2023 година. освен говорник, организатор е на стотици бизнис-настани, а исто така и иницијатор е на повеќе социјално одговорни настани и проекти за заштита на околината.