Катерина Ангеловска
Тренер за личен развој
КАТЕРИНА АНГЕЛОВСКА

„Будење на свеста"
и „333 Афирмации"

За авторот
објавено: март 2020
Катерина Ангеловска (14.04.1975, Скопје) е тренер за личен и духовен развој, автор и јавен говорник.

Нејзиниот авантуристички и позитивен дух во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципите на успех според методот на Џек Кенфилд. Таа исто така е сертифицирана во програмите на: мастер практичар за НЛП (невролингвистичко програмирање), тренер за СПИН продажба, лично лидерство, менаџмент на тимови, реики мастер и други. 

Програмата за личен развој по која ја препознаваме Катерина е ба зирана врз холистички модел на раст и развој и ги опфаќа сите сегменти на човековото егзистирање: ум, тело, емоција, интуиција, имагинација, свесност, спиритуална димензија. Таа води разновидни обуки и семинари и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации, со цел да ја пронајдат големината и моќта во себе и да станат творци на својот живот. Нејзината работа, пораката што ја пренесува, енергијата и личниот коучинг стил придонесоа во последниве неколку години да им помогне на голем број индивидуалци да ги остварат своите соништа.

Катерина Ангеловска е авторка на книгата 333 афирмации, која пос тигна голем успех во Македонија, по што беше преведена на албански и на англиски јазик (Kindle верзија/Amazon). Оваа книга е лична збирка на Катерина, преку која нè води низ светот на позитивната творечка мисла. Таа верува дека развојот на позитивната состојба на умот е една од најмоќните животни стратегии на секој човек.

Будење на свеста е нејзина втора книга, која ја создаде заедно со својот сопруг. Верува дека оваа книга е вистински патоказ за лична и колективна преобразба и за еволуција на свеста во спиритуална свесност.

Повеќе за Катерина и нејзината работа можете да прочитате на www.katerinaangelovska.mk 

Следете ме на социалните медиуми:

Copyright 2020
Global Minds Publishing, Inc.
All Rights Reserved