Радован Витошевиќ (17.05.1986, Скопје) е магистар по економски науки, со специјализација во сферата на менаџмент, финансии, маркетинг и мрежен маркетинг, и тоа на Универзитетот Шефилд, еден од 100-те најдобро рангирани универзитети во светот.
Речиси 15 години работи како професионален менаџер во мултинационални компании и финансиски друштва. Извршен директор е во повеќе компании во повеќе земји, себелидер и лидер на други, корпоративен тренер, јавен говорник, претприемач и инвеститор.
Организатор и говорник на стотици бизнис-настани и иницијатор на повеќе социјално одговорни настани и проекти за заштита на околината.